Инвестициски измами

Научете што е инвестициска измама и како функционира со ветување за брза добивка, но на крај завршува така што губите пари.

Што е инвестициска измама?

Инвестициските измами може да имаат разни облици, на пример, понуди за брокерски зделки (broker deals) во ваш интерес, софтвер за инвестиции (investment software) за да го следите вашето портфолио или интернет-страница (website). Сите тие имаат за цел да ве измамат да му ги дадете вашите пари на измамникот, а да не добиете ништо возврат.

Инвестициските измамници на почеток може да контактираат со вас преку е-пошта (email), порака на социјалните мрежи (social media message), рекламирање на социјалните мрежи (social media advertising), па дури и преку текстуални пораки (text message).

Инвестициска измама

Како функционираат инвестициските измами:

Постојат повеќе видови инвестициски измами и сите се дизајнирани да ве измамат и да ви ги земат парите.

  • Измама со старосна пензија (Superannuation scam) - ви бара да го измамите вашиот давател на старосна пензија и да добиете ран или дополнителен пристап до старосната пензија, којашто потоа измамникот ви ја краде.
  • Измама со семинар за инвестиции (Investment seminar scam) - ви нуди специјален увид или врвни совети што ќе се споделуваат преку видео-семинар на интернет, но за него се наплаќаат стотици долари за учество, а советите за инвестирање што ќе ги добиете се малку корисни.
  • Инвестициска измама со совети за акции (Stock tip investment scam) - ви нуди специјален увид или врвни совети, а кога вие (и илјадници други жртви) ќе ја купите акцијата, измамникот ја продава за брза добивка и исчезнува.
Сите инвестициски измами функционираат со ветување на нешто што се чини дека е премногу добро за да биде вистинито. Секогаш треба да имате на ум дека ако нешто се чини дека е премногу добро за да биде вистинито, тогаш тоа навистина не е вистинито.

Како да се заштитите од инвестициски измами

Запомнете дека сите инвестициски измами се махинации за брзо збогатување (get-rich quick schemes) и ветуваат големи добивки со мал ризик.

Никогаш не инвестирајте во компанија или лице коешто тврди дека има специјално знаење или врвни совети што ќе ги удвојат вашите пари или што гарантираат многу големи добивки за кратко време.

Исто така, треба:

  • да одбегнувате несакани прилики за инвестирање и секогаш треба да испитувате сами наместо да одговорите на реклама или на прв повик
  • да ги проверувате инвестициските компании кај Австралиската комисија за хартии од вредност и инвестиции (ASIC) преку страницата за потрошувачи Инвестиции и финансиски совети (Investing and Financial Advice - на https://asic.gov.au/for-consumers/investing-and-financial-advice/
  • исто така, да го проверите списокот со познати измамници на ASIC на https://moneysmart.gov.au/companies-you-should-not-deal-with
  • да ја пребарате компанијата на Google користејќи ги зборовите поплака „complaint“ и „измама“ (scam)
  • да бидете сомничави со понуди од секого кого сте запознале онлајн, особено ако ви бараат романтична врска
  • да игнонирате одобрувања од славни личности (celebrity endorsements) и понуди за инвестирање со криптовалута (cryptocurrency investment offers).

Што да правите ако ве измамат

Повеќето инвестициски измами може да вклучуваат жртвата своеволно да му плати на измамникот, но измамниците сепак може да го искористат ова за да добијат пристап до компјутерот или финансиските средства на жртвата.

Ако сметате дека сте биле вклучени во инвестициска измама, важно е да делувате брзо за да ги заштитите вашите финансиски средства и идентитет:

  • контактирајте со вашата финансиска институција за да ги измените лозинките или да ги откажете/издадете повторно кредитните или дебитните картички
  • погледнете дали можете да поништите некое плаќање. Ова често не е можно, но секогаш вреди да се обидете
  • изменете ги важните лозинки, како што е онаа на вашата главна адреса за е-пошта и лозинката што ја користите за да се најавите на компјутерот
  • ако е вклучена вашата старосна пензија, повикајте го давателот на старосна пензија и побарајте го одделот за измами, а тој ќе ви помогне да ја заштитите вашата старосна пензија
  • пријавете ја измамата кај Службата за следење измами на Австралиската комисија за конкуренција и потрошувачи (ACCC's Scamwatch service) на www.scamwatch.gov.au/report-a-scam. Оваа интернет-страница вклучува образец што можете да го пополните и дава врски и информации како да добиете помош
  • исто така, можете да ја пријавите измамата како сметачко злосторство (или киберзлосторство) на интернет-страницата на Австралиската влада на cyber.gov.au
  • престанете да контактирате со измамникот и игнорирајте ги сите понатамошни пораки и е-пошта од него.

Никогаш не треба да присуствувате на инвестициски семинар, бидејќи тие измами може да ве притискаат да плаќате сѐ повеќе и повеќе пари за материјали и други бескорисни нешта. Ако сте платиле за учество, едноставно заборавете дека сте го сториле тоа или обидете се да го поништите плаќањето.